Македонската фудбалска репрезентација со победа против Фарските Острови со 1-0 го заврши настапот во тековното издание на Лигата на Нации.
На мечот одигран на Арената во Скопје гостите беа главно орентирани на дефанзива додека избраниците на Милевски имаат поголем посед на топка но, без многу шанси за погодок. Единствениот дојде во 62-минута кога Бојан Миовски одреагира голгетерски во шеснаесетникот на гостите и успеа да ја затресе противничката мрежа. Во вториот меч во групата Ерменија успеа да слави на теренот на Летонија со 2-1.
На крајот Македонија е прва на табелата со 16 бодови пред Ерменија со седум, Фарски Острови со 6 и Летонија со четири.