Напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, соопшти и официјално холандскиот клуб. Преселбата ќе се случи по отворањето на зимскиот преоден рок во Англија.
Веќе денеска или најдоцна утре 23-годишниот фудбалер ќе отпатува во Англија за да потпише документи и да ги помине потребните процедури пред трансферот. Деталите од зделката не се откриени, но ПСВ објави дека ова ќе биде рекорден трансфер за нив.