Аргентинскиот дефанзивец во редовите на Валенсија, Есекиел Гарај ги повреди лигаментите на десното колено. Поради оваа повреда, играчот може да го пропушти остатокот од сезоната, пренесува „Марка“.
Не е познато точно кога 33-годишниот играч ќе може да се врати на терените, не се соопштуваат детали за повредата. Аргентинецот заработи повреда во натпреварот од 22-то коло од шампионатот на Шпанија помеѓу Валенсија и Селта (1:0), и беше заменет во 43-та минута.
Во досегашниот дел од сезоната Гарај одигра 17 натпревари за Валенсија, во кои доби два жолти картони. Аргентинецот се пресели во Валенсија во септември 2016 година од Зенит Петербург, со кого го освои шампионатот и Купот на Русија. Претходно, Гарај играше и за Реал Мадрид, Расинг Сантандер и португалскиот тим Бенфика.