Спортскиот директор на фудбалскиот состав Арсенал, Еду Гаспар, ќе си замине од стадионот – „Емирати“, наведуваат дел од медиумите во Англија.
Бразилецот кој ја презеде функцијата во 2019 година, беше клучен во купувањето на Мартин Одегард, Деклан Рајс, Габриел Мегаланес и Вилијам Салиба.
Според – „Дејли Мејл“, причините за заминувањето на Гаспар не се познати. Арсенал засега нема коментар за целата ситуација.