Играчот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи, изјави дека во моментов го остварува еден од своите најголеми сонови, а тоа е да игра за Арсенал. Тој во пресрет на дербито со Ливерпул истакна дека „топчиите“ се подготвени да му го нанесат првиот пораз на лидерот.
Гендузи дојде во Лондон минатото лето од францускиот второлигаш Лориен и успеа да се избори за место и во првиот тим на Арсенал под водство на Унаи Емери. 19-годишниот фудбалер одигра 11 меча за „топчиите“ и покажа одлична форма.
„”Отсекогаш сакав да играм овде. Овој клуб беше во моето срце кога бев и во Франција. Тој е еден од моите омилени тимови. Сакам да освојам трофеи, тоа е најважното нешто за мене. За средбата со Ливерпул ќе кажам дека тие се многу стабилен тим, со одлична дефанзива, но јас верувам во своите соиграчи и верувам дека можеме да ги победиме“, вели Гендузи.