Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, со хет-трик на вчерашниот меч против Атлетико Мадрид одигран во Торино, го однесе неговиот Јувентус во 1 /4 финалната рудна во Лигата на шампионите.
Токму неговите голови за 3-0 ја анулираа предноста на Шпанците од првиот меч и и овозможија на „старат дама“ да го продолжи патот во Европа. Неговиот син Кристијано Јуниор скокаше од еуфорија по третиот гол додека неговата девојка, Георгина Родригез, со солзи во очите ги проследи случувањата на „Алијанц“.
„Овие 3:0 никој не може да ти ги украде. Го заслужуваш тоа, не само поради трите постигнати гола . Го заслужуваш поради твојата посветеност, за тоа што го постигнуваш во клубот за кој играш. Ти ги носиш твоите соиграчи, твојот тренер и сите кои те сакаме и поддржуваме секој ден. Кармата постои. Господ го знае тоа, Господ ти го дава тоа бидејќи фудбалскиот свет е твој“ – гласи емотивната порака на Георгина.