4-кратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, може да се врати во другите тркачки конкуренции.
Вчера беше објавено дека Германецот е во преговори со британскиот тим „Јота“ за учество на Светскиот шампионат во издржливост ( WEC) и „24 часа Ле Ман“. Фетел може да седне во возилото – „Jota Porsche 963 LMDh“ и да им се придружи на Џенсон Батон и Роберт Кубица.
Се очекува Фетел догодина да тестира со прототип „LMP2“ а неговиот тим да учествува на „WEC“ со два прототипа од класата „Hypercar – Porsche 963“.