Селекцијата на Германија ја совлада Србија со 83:77 и го освои златниот медал на кошаркарскиот Мундијал.
Играчот на ЛА Лејкерс, Денис Шрeдер, со 28 кошеви беше креатор на големата победа за „панцирите“. Го следеше Вагнер со 19 и Воигтман со 12.Во селекцијата на Србија се издвоија Алекса Аврамовиќ со 21 поен и Богдан Богдановиќ со 17.
Претходно кошаркарите на Канада го освоија бронзениот медал откако ја совладаа селекцијата на САД со 127 спрема 118 во продолженија.