Марио Гетце е болен има виру и е под знак прашање беговиот настап за Борусија Дортмунд во Волфсбург, соопшти клубот.
Играчот од средниот ред има бронхитис и веројатно нема да се опорави на време за саботниот натпревар. Тренерот Лусијан Фавре ова го соопшти на прес-конференција и додаде дека дефанзивецот Мануел Аканџи исто така е неизвесен, додека Лукаш Пишчак нема да игра. Другиот дефанзивец, Абду Диало, исто така е надвор од комбинација откако беше повреден на мечот со Унион Берлин.
Данскиот репрезентативец Томас Делејни и голгетерот Пако Алкасер се подготвени да играат. Тренерот на Волфсбург, Бруно Лабадија, исто така, има проблеми со повредените фудбалери. Адмир Мехди го пропушта натпреварот, но Пол Верхаег тренира и покрај проблемите со вратот.