Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, кој за кратко време дури ја извршуваше функцијата на менаџер на тимот, го поддржа Жозе Муриљо, по чие назначување Велшанецот го напушти „Олд Трафорд“.
Според Гигс, Португалецот не треба да биде отпуштен затоа што тоа нема да промени ништо. Напротив Гигс смета дек Мурињо носи стабилност во клубот и затоа треба да биде поддржан.
„Не гледам како евентуалната промена на менаџерот во овој момент би променила нешто. Секој знае колку успешен беше Мурињо во годините наназад. Мислам дека таква стабилност не сме имале со години, па затоа треба да го поддржиме. Сепак нешто треба да се менува, ако менува тренерот нешто во тактитака треба и играчите да го менуваат својот однос во играта. Манчестер Сити и Ливерпул се постојана. Кога не сте постојани во играта и имате осцилации, растојанието на табелата станува се поголемо. Кога разликата од вашиот градски ривал е толку голема, тоа не е добро. Само 13 кола поминаа, па сега е време да се вратами. За да го направите ова, сепак потребни се 7-8 натпревари без пораз. Ова се мали чекори за враќање на довербата”, изјави Гигс.