Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Новак Ѓоковиќ (Србија) и Арина Сабаленка (Белорусија) за „светски шампиони“ за 2023 година.
Ѓоковиќ ја доби машката награда по рекорден осми пат откако освои три од четирите Грен слем турнири, соопшти ИТФ. 36-годишниот Србин има 24 титули од Грен слем турнирите со што го изедначи рекордот на Маргарет Корт. Сабаленка годинава го прослави првиот Грен слем трофеј на Австралија Опен а потоа стигна до финалето на УС Опен и до полуфиналето на Вимблдон и Ролан Гарос.
Раџив Рам (САД) и Џо Солсбери ( Британија) ја освоија наградата за машки двојки по нивниот трет последователен успех на УС Опен, додека финалистките на Вимблдон, Сторм Хантер (Австралија) и Елизе Мертенс (Белгија) ја заслужија честа во женски двојки.