Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои победничкиот пехар на собирот во Рим, Италија. Таа денеска во финалето на ИТФ фјучрсот В75 беше совладанаод Русинката, Оксана Селехметева со 2:0 во сетови.
Противничката убедливо го доби првиот сет со 6:1 додека во вториот славеше во тај-брејк со 7:3. Ѓорческа во 2024 година има две финалиња откако претходно во март играше во Ларнака, Кипар.
Таа на патот до финалето во Рим оствари победи против Л. Кунг (Швајцарија), К. Дину (Романија), В. Лепченко (САД) и П. Марчинко (Хрватска).