Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши настапите на фјучрс-турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.
Ѓорческа за жал загуби од домашната тенисерка Лола Радивојевиќ, која беше подобра со резултат 1:2 во сетови (6:7, 6:3, 0:6). Првиот сет Ѓорческа го загуби во тај-брејк со резултат 2:7, а во вториот успеа да слави со 6:3 и да се врати во мечот. Меѓутоа, во последниот трет сет, противничката доминираше и не и дозволи на Ѓорческа да освои ниту еден гем.
За Лина Ѓорческа следен настап ќе биде турнирот во Шибеник кој е ќе се игра во терминот од 30 септември до 6 октомври.