Главниот тренер на Кристал Палас, Оливер Гласнер, вели дека неговите фудбалер оствариле заслужена победа против Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата. Лондончани доцна синоќа славеа преубедливо со 4:0.
„Честитки за победата на тимот. Не одигравме добро во првото полувреме, сепак, бевме многу ефикасни“ – вели Гласнер.
„Во вториот дел ја контролиравме ситуацијата, создадовме многу шанси и постигнавме прекрасни голови“ – вели тренерот на Кристал Палас.