Поранешниот Ф1 возач Тимо Глок, кој моментално е стручен коментатор за Скај Германија, се осврна на перформансите на Ферари во изминатите две сезони.
„Во Бразил, Леклер повторно не стартуваше поради хидрауличниот проблем и последователниот пад. Тоа едноставно не може да му се случи на врвен тим“ – вели Глок.
„Ако ги споредиме со Ред Бул кои немаат такви технички проблеми, токму тоа влијае на резултатите на Ферари“ – вели Глок.