Капитенот на германската ракометна репрезентација, Јоханес Гола, објасни дека неговата селекција треба да корегира многу елементи во играта ако сака да дојде до победа денеска против Унгарија и в среда против Хрватска.
„Мечевите ги започнуваме со многу еуфорија и промашувања. Правиме и многу технички грешки кои водат кон контра напади“ – вели Гола.
„Сè уште сме одличен тим и тоа нема да влијае на нашата игра на наредните мечеви. Затоа сум оптимист дека ќе ја држиме главата горе и ќе играме подобар ракомет“ – вели Гола.