Најмалку 50 полицајци се повредени во Франкфурт за време на нередите што избувнаа пред синоќешниот фудбалски натпревар од 12. коло во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Штудгарт, објави весникот „Билд“.
Во болница се примени четворица полицајци. Повредени се и стјуардите и навивачите меѓу кои има и деца. Нередите ги предизвикаа проблемите со контролата на билетите на влезот на стадионот.
Гневните навивачи започнале да ги гаѓаат стјуардите и полицајците со шишиња, пиротехнички средства и железни прачки.