Сопругата на голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, Алба Силва објави добра вест за состојбата на фудбалерот – тој се разбуди од кома.
„Па, ние сè уште сме тука, правиме мали чекори напред. Отпрвин почна да разликува светлина… Малку по малку, но од самиот почеток знаев дека ќе излезе… Но, ова е тежок процес, треба многу трпение“, изјави Алба.
Во текот на викендот медицинските лица решија да му го отстранат седативот на 29-годишниот голман и конечно се исплатеше. Излегувајќи од вештачка кома, во која падна по несреќата на 28 мај, фудбалерот на ПСЖ успеа да ги отвори очите и да ги препознае своите роднини кои се наоѓаа во негова близина. Зборувајќи за состојбата на Рико, Алба Силва им се заблагодари и на лекарите и болничкиот персонал.