Нашиот селектор, Раул Гонзалес, го потенцираше голманот на Хрватска, Марин Шего, како главен „виновник“ за нашиот прв пораз во групата „Б“ на ракоментиот Мундијал во Германија и Данска.
„Имавме добар почеток со одбраната 5-1 и со нападот „7 на 6“ , но, Хрватите брзо влегоа во ритам и направија предност. Нашиот главен проблем денеска беше голманот Шего кој одбрани се што можеше“ – потенцираше Гонзалес на официјалниот прес.
„Мислам дека во одредени моменти немавме среќа. Промашивме чисти ситуации и направивме повеќе технички грешки. Сега мора да работиме за да ја поминеме групата„ – заврши нашиот селектор.