Фудбалерите на Манчестер Сити од 21.00 часот ќе му бидат домаќини на Копенхаген во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Бидејќи избраниците на Гвардиола во првиот меч во Данска минаа триумфално со 3-1, нема човек на планетава што верува дека може да се случи сензација на „Етихад“. Друга страна данскиот состав веројатно нема да допатува со бело знаме на Островот иако е однапред прежален.
За Манчестер Сити во првата постава треба да бидат: Едерсон, Аканџи, Стонс, Диас, Аке, Родри, Силва, Де Бруин, Фоден, Алварес и Халанд. За Копенхаген од првата минута треба да стартуваат: Грабара, Хелерт, Вавро, Мекена, Мелинг, Холјунд, Дикс, Клам, Елјануси, Ачури и Матсон. Главен судија ќе биде Еспен Ескас од Норвешка.