Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, немаше логично објаснување за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 1:3 во реваншот меѓу двата тима од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Граѓаните беа на минути од победата, но на крајот беа елиминирани. Единственото објаснување на Шпанецот е дека фудбалот е непредвидлива игра и понекогаш се случуваат такви натпревари.
„Бевме блиску, но не се пласиравме во финалето. Толку е едноставно. Нашата игра не одеше најдобро во првото полувреме. Не се претставивме добро, но противникот не ни пречеше со ништо. Откако постигнавме гол, одигравме многу подобро, го најдовме нашето темпо и се чувствувавме удобно на теренот. Откако поведоввме, очекував Реал да почне да напаѓа во последните 15 минути, но тоа не се случи. Не бевме притиснати на никаков начин, но фудбалот е непредвидлив. Потребно е време за да сфатиме што се случи откако ќе стигнеме дома. Имаа многу играчи во шеснаесетникот, Едер Милитао, Родриго, Винисиус Јуниор, Бензема. Почнаа со нафрлени топкии постигна два гола. Во овие ситуации не се покажавме најдобро. Има такви натпревари. Мора да го прифатиме тоа“, изјави Гвардиола.