Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека треба да бара поголема разновидност во играта во одбраната, бидејќи Николас Отаменди и Фернандињо се фудбалери кои се во години и не можат да играат на секој натпревар.
„Граѓаните“ имаат сериозен проблем во дефанзивата поради повредите на Лапорт и Стоунс, принудувајќи го Пеп да импровизира. Сепак, тоа не влијаеше на исходот на мечот со Шахтјор кој Сити го доби без примен гол.
Во моментов, Отаменди е единствениот централен дефанзивец кој може да му се стави на располагање на Шпанецот.