Пеп Гвардиола ќе биде подготвен да го советува Манчестер Сити кога клубот ќе почне да бара негова замена како менаџер. Шпанецот е во последната година од договорот и според некои информации нема да продолжи со „граѓаните“. Самиот тврди дека се уште не донел конечна одлука дали ќе остане и десетта сезона на „Етихад“.
Кога ќе дојде време двете страни да се разделат, тренерот изрази подготвеност да помогне. Со Манчестер Сити, Гвардиола освои шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите.
„Секако, со врските што ги имам, ако ме прашаат, ќе дадам мислење. Сепак, одлуката ќе ја донесат тие, а не јас“, коментираше Гвардиола.
„Ќе го дадам своето мислење како пријател, бидејќи доживеавме незаборавни моменти заедно. Сепак, би рекол дека новиот спортски директор треба да го избере менаџерот“, додаде Гвардиола.
Шпекулациите за заминување на Гвардиола ги подгреа и фактот што клупскиот директор и долгогодишен пријател на тренерот, Чики Бегиристајн, заминува следното лето.
Манчестер Сити во недела гостува кај Вулверхемптон. Играчот од средниот ред Кевин Де Брујн и дефанзивецот Нејтан Аке веројатно нема да започнат бидејќи не се целосно закрепнати од повредите здобиени пред паузата во лигата.