Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во Манчестер Сити. Тој и претходно најави дека размислува за промена на средината.
„Апсолутно сум сигурен дека клубот има опции доколку Пеп замине. Порано или подоцна тоа ќе се случи и тие треба да се подготват. Тоа нема да биде изненадување“ – вели Шпанецот.
„Сакам да бидам целосно убеден дека тоа е најдоброто за клубот. Ако клубот ме праша за мислење околу мојот наследник ќе дадам но, тоа не е моја одлука“ – нагласи менаџерот на „граѓаните“.