Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, планира да го засили средниот ред во јануарскиот трансфер период.
Според наведеното во медиумите во Англија, негова желба е играчот на Челзи, Цеск Фабрегас, кој не успеава да се избори за првотимскиот статус во редовите на лондончани. Според шпанскиот тренер, неговиот сонародник може да ја пополни празнината бидејќи Фернандињо нема да може да настапува одреден период.
Фабрегас ги имаше најдобрите денови во кариерата токму под диригентската палка на Гвардиола додека го носеше дресот на Барселона. За неговите услуги се заинтересирани и Монако од Франција и италиајнскиот Милан.