Иако пред скоро време стави потпис на нов договор со Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека паузата од фудбалот „ќе му дојде добро“. Англиските новинари велат дека Шпанецот по кризата која го зафати тимот се колеба дали навистина треба да продолжи да работи или да си земе одмор како што тоа го направи неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп.
Гвардиола вели дека го сака адреналинот од својата работа во Премиер лигата, но, еден ден ќе мора да заврши со оваа работа.
„Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доволно и тогаш дефинитивно ќе престанам“, изјавил тој. „Нема да раководам со друг тим. Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го направам е да го напуштам Манчестер Сити и да одам во друга земја да го правам истото како и сега“, дополнил шпанскиот стратег.