Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа минимално Лестер со 1 спрема 0 со што го направија претпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер-лигата. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, објасни дека сега е се во нивните раце.
„Игравме одлично во второто полувреме. Тука дојде до израз нашиот победнички менталитет. Ние знаеме да победуваме и да бидеме шампиони. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме” вели Гвардиола.
„Сити е клуб кој постои 100 години, но, во минатото немаше доволно трофеи. Сега ситуацијата е различна. Многу фудбалери помогнаа тоа да се промени со текот на годините. Тука се Компани, Џо Харт, Пабло Забалета и многу други“ – потенцираше шпанскиот тренер по вчерашната победа на мечот со Лестер.