Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека судиите во Премиер лигата често носат сосема нелогични одлуки. Тој коментираше на оваа тема по победата на „граѓаните“ од 3-1 над Евертон, која дојде по пресвртот во второто полувреме.
„Секој ден ги потсетувам играчите за што се способни. Не смееме да паднеме под сопствените стандарди и тоа е голема одговорност. Мислам дека одигравме добро и во првото полувреме. Жал ми е, но не видов повторување на ситуацијата за пеналот. Изгледа дека и јас не ги знам правилата. Во некои случаи се суди пенал, во други – не. Во Европа правилата се сосема поинакви. Можеби еден ден работите ќе станат појасни“, изјави Гвардиола.