Спортскиот директор на Ал Насер – Фернандо Јеро, проговори за назначувањето на Стефано Пиоли за главен тренер на тимот.
„Да ангажиравме шпански тренер, навивачите ќе мислеа дека јас сум тој што го донел. Да ангажиравме португалски тренер, ќе рекоа дека го донел Кристијано Роналдо. Сега потпишавме со италијанецот Пиоли. Јас сум тој што ги носи спортските и техничките одлуки“ – објасни легендарниот играч на Реал Мадрид.
„ Донесовме вистинска одлука иако беше тешко да се процени кога да се направи промената“ – рече Шпанецот на средбата со новинарите.