Дефанзивецот на Атлетико, Хозе Хименез повторно е повреден. Тој доби нова повреда во колкот, за време на средбата со Виљареал во саботата, иако остана на теренот во текот на сите 90 минути.
Хименез не можеше да се вклучи на тренингот со своите соиграчи во понеделникот поради проблеми во колкот. Во моментов, сепак од клубот не сакаат да даваат прогнози за времето за санирање на повредата пред да добијат повеќе информации од следните прегледи кои ќе му бидат направени на уругваецот.
Хименез само пред неколку дена се опоравуваше од уште една повреда на бутот што го спречи да игра со Бетис на 7-ми октомври. Сега дефанзивецот повторно влегува во групата на повредени што е лоша вест за тренерот Диего Симеоне пред дуелот со Борусија (Дортмунд) во Лигата на Шампионите кој с еигра утре.