Новото засилување на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд изјави дека планирал да се приклучи на овој клуб уште од почетокот на трансфер сагата околу него.
Напаѓачот играше за РБ Салцбург, а голем број на европски клубови беа заинтересирани за него, но на крајот испаднаа од трката за неговиот потпис.
„Активно преговарав со раководството и тренерите, особено со Вацке, Цорк и Фавр. Од самиот почеток, почувствував дека сакам да бидам во Борусија Дортмунд, да играм на стадионот од 80 илјади гледачи во неверојатна атмосфера“, рече Холанд неколку часа по потпишувањето на договорот со неговиот нов клуб.