Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја предводи колоната на утрешната трета трка од тековниот шампионат во Формула 1 која ќе биде возена на патеката во Мелбурн.
Веднаш до него ќе биде Карлос Саинц со болидот на Ферари и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Позади нив ќе се наредат: Ландо Норис, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо.
Трката за Големата Награда на Австралија ќе започне утре во 05:00 часот по наше време.