Eрик тен Хаг смета дека работата во Манчестер Јунајтед е успешна. Неговата изјава доаѓа пред финалето во ФА Купот со Сити.
„ Ако победиме, ќе се најдеме во друга ситуација – ќе освоиме уште еден трофеј и ќе се натпреваруваме во Европа. Три финалиња во две сезони се многу добар резултат“ – вели Холанѓанецот.
„Мислам дека многу се подобривме и дури и ако ги земете предвид сите повреди што ги имавме, тоа е ужасна сезона за нас“ изјави Тен Хаг кој со „црвените ѓаволи“ заврши на 8-то место во Премиер лигата .