Првите луѓе на фудбалскиот состав, Ливерпул, размислуваат да му го продолжат договорот на холандскиот интернационалец, Жоржињо Вајналдум, кој во тековнава сезона се наметнува како еден од главните играчи во тимот.
Според англиските медиуми, „црвените“ ќе му предложат на 29-годишниот играч нова соработка до летото во 2023-та бидејќи неговиот сегашен договор истекува во наредната година.
Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер во 2016-та година го напушти Њукасл за 28 милиони евра и се пресели на „Енфилд Роуд“. Тој во тековнава сезона одигра 38 средби и постигна 5-ет голови.