Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на денешната трка возена на патеката – „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија.
Членот на Ред Бул успеа да ја добие битката со Шарл Леклер од Ферари додека третото место на подиумот го пополни вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Зад нив во Топ 10 влегоа: Сајнц, Норис, Алонсо, Хамилтон, Расел и Гасли. Холанѓанецот со денешната победа има 229 бодови, го следат Перез со 148 и Алонсо со 129.
Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана на 9 јули на патеката – „Силверстон“ за Големата награда на Британија.