Искусниот дефанзивец на Ватфорд, Хозе Холбас, е опоравен од повредата на потколеницата и може да настапи на утрешното гостување кај Лестер во рамките на Премиер лигата на Англија, изјави менаџерот на тимот, Чави Гарсија.
„Хозе е подготвен. Тој не тренираше во првиот ден од седмицата, но, потоа се вклучи со полна брзина заедно со другите фудбалери“ – објави Гарсија. 34-годишниот грчки репрезентативец има значајна улога во Ватфорд во тековнава сезона бидејќи се истакнува како во одбраната така и во нападот. Тој бил креатор на четири голови а самиот на два пати се запиша и во листата на стрелците.
Ватфорд е на 9-то место во Премиер лигата со 20 бодови или само едно место пред Лестер кој има 18.