Мек Хортон кој ја освои титулата на 400 метри на Олимпијадата во Рио во 2016 година, најави дека се повлекува од пливањето.
„Навистина сакав да одам на Игрите во Париз но, повеќе не сум мотивиран. Секогаш сакам да дадам се од мене но сега е вистинско време да застанам“ – изјави Хортон за веб-порталот на Австралиската пливачка федерација.
„Ја имав големата привилегија да ја претставувам Австралија и да го носам зеленото и златното … Само се надевам дека земјата е горда на мене“ додаде Хортон.