Тенисерите на Хрватска со победата против Казахстан влегоа во 1 / 2 финалето во Дејвис Купот и си обезбедија дуел со САД.
„Коцкестите“ ќе ја имаат улогата на домаќини а тениската федерација на Хрватска допрва ќе реши на која локација ќе се реализира мечот откако ќе ја слушне желбата на играчите дали сакаат да играат на отворено или пак, во сала.
Според правилата на ИТФ, за мечевите во 1 / 2 финалето мора да има најмалку 8.000 места за седење доколку ИТФ не дозволи бројката да биде намалена. Хрватите досега имаа одиграно четири средби против САД и имаат максимален ефект во победи.