Интер има намера да учествува во борбата за потписот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, тврди Тутоспорт.
Идејата за доведување на Погба на „Џузепе Меаца“ е на Бепе Марота, кој ја напушти функцијата генерален менаџер на Јувентус и наскоро ќе почне да работи во вечниот непријател – Интер. Весникот додава дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за два играчи на Интер, па Марота би можел да издејствува добра зделка.
Од поодамна е познато дека Мурињо сака во својот тим да го доведе Иван Перишиќ, а од пред извесно време на радарот му е и дефанзивецот Милан Шкрињар.