Рускиот милијардер и сопственик на Монако, Дмитриј Риболовљев би можел да биде вклучени во финансиската измама, велат последните информации објавени од „Football Leaks“.
Според изворот, бизнисменот инвестирал големи суми во клубот заобиколувајќи го финансискиот фер плеј. За таа цел, бил потпишан договор со маркетинг агенција која раководи со Монако и која добила ветување дека ќе добие исплати од вкупно 1,4 милијарди евра во текот на 10 години. Во исто време, Риболовљев морал да ги користи оф-шор компаниите во Хонг Конг и Девствените Острови, а условите на договорот со компанијата биле скриени од УЕФА, со цел да се избегнат обвинувања за кршење на финансискиот фер плеј.