Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во редовите на Милан направи вистинска еуфорија кај фановите на „росонерите“ кои најавија дека утре ќе го исполнат стадионот –„Сан Сиро“ на средбата со Сампдорија во рамките на Серија „А“.
Италијанските медиуми објавија дека се продадени 60.000 влезници, но, оставаат простор дека бројката ќе порасне. Таквата слика е вообичаена главно за градските дерби мечеви со Интер.
Тоа воопшто не изнеандува бидејќи Ибрахимовиќ и во минатото кога настапуваше во дресот на Милан беше главниот миленик на тифозите.