Златан Ибрахимовиќ му кажал „ДА“ на Милан ! Оваа вест беше објавена од страна на италијанското издание на „Sportmediaset“, медиуми информираа дека договорот ќе биде за период од шест месеци и ќе биде даден на позајмица на „Сан Сиро“ од страна на Лос Анџелес Галакси.
Според истиот извор во касата на американците ќе влезат 2,2 милиони евра, а по завршувањето на позајмицата клубот од Милано ќе има нови преговори за продолжување на неговиот договор во зависност од тоа како ќе се покаже Швеѓанецот. Во случај Ибра да му помогне на Милан со своите игри да стигне до Лигата на шампионите, тогаш клубот веројатно ќе сака да го задржи трајно, но ќе мора да се договори со Американците за неговата цена и со самиот играч за лични услови.
Како што е познато, Златан е најдобриот играч во Американската лига, без разлика што е во поодминати фудбалски години, тој не застанува да импресионира со своите потези и голови. Вчера Милан објави дека Ибра веројатно ќе се врати кај нив и се чини дека навистина ќе се случи тоа.