Играчот на Реал Сосиедад Лука Сангали добил лесен мозочен удар вчера во утринските часови и ќе биде надвор од игра на неодредено време, соопштија од баскискиот клуб. Не е јасно колку долго 23-годишниот Сангали ќе биде надвор од теренот.
„На 31-ви Октомври наутро играчот добил лесни мозочен удар и веднаш бил однесен во болница каде продолжуваат да му се прават истражување и ќе биде под лекарски надзор”, се вели во соопштението на тинот од Сан Себастијан.
Играчот од средниот ред е производ од академијата на Реал Сосиедад и играл досега само за оваа екипа. Од 2018 година тој беше во првата екипа, а пред четири години беше во вториот тим за кој одигра 114 натпревари постигна 13 гола. Во оваа сезона тој импресионираше на големото дерби со Атлетик (Билбао), кога постигна гол при победата од 3:1.