Аргентинскиот напаѓач од ПСЖ, Мауро Икарди реши да го смени бројот на својот дрес за следната сезона. Според последните весни од парискиот клуб, Икарди следната сезона ќе го носи дресот со број 9.
Претходно, Икарди играше со број 18. Минатата сезона, тој одигра 20 натпревари и постигна 12 гола. Бројот 9 до овој момент му припаѓаше на Кавани кој го напушта клубот ова лето.
Un nouveau numéro pour !
❤️9⃣#WeAreParis
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 28, 2020