Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди не крие дека е многу среќен во Париз по неговиот трансфер од Интер во текот на летото.
Аргентинецот веќе размислува за својата иднина и призна дека ќе стори сé што може за да ги убеди челниците на ПСЖ да го задржат трајно во клубот.
„Морам да ја покажам својата класа на теренот на секој натпревар. Октомври беше добар месец за нас, но сепак имаме многу работа. Морам да продолжам во ист дух и во иднина. Дали ќе останам во ПСЖ ? Ќе видиме на крајот на сезоната. Сакам да постигнам одлични работи. Тоа беше причината што дојдов овде. За мене е важно да играм во ПСЖ, тоа е еден од најголемите клубови во светот. Ќе дадам се од себе да останам овде“, изјави Мауро Икарди.