„Голманот треба да брани, дефанзивците да го штитат од напади, средниот ред да ја гради играта, а напаѓачите да постигнуваат голови”, така го започна своето интервју за „Кориере дело Спорт“ капитенот на Интер Мауро Икарди, кој одговори на доста интересни прашања, од кои едно беше за интересот од Реал Мадрид за него.
„Често зборувам за мојата вклученост во градењето на играта, но не ми е грижа за тоа. Јас не сум заинтересиран за мислењето на критичарите. Знам само еден начин да им помогнам на моите соиграчи, а тоа е да постигнам гол. Отсекогаш сум живеел за тоа. Ова е мојата мисија. Имам јасни цели. Првата беше да играме во Лигата на шампионите и јас го постигнав тоа. Втората цел е да освојам трофеј со Интер”, рече Иркарди.
„Кога ќе дојде време, ќе потпишам нов договор со Интер. Ванда многу добро знае што прави. Таа знае како да работи на телевизија и ги знае новинари. Имам целосна доверба во неа. Интерес за Јувентус? Слушнав за таков интерес, но целосно сум фокусиран на мојата работа. Реал Мадрид? Сега не е вистинскиот момент. Се чувствувам добро во Интер. Тоа што сум капитен не ме промени. Тоа е она што сум. Јас ретко зборувам за себе и не давам интервјуа често. Понекогаш објавувам слика на Инстаграм “, додаде аргентинецот.