Нашата најдобра фудбалска репрезентација ја очекуваат контролните мечеви со Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).
Голманот, Дејан Илиев, во изјавата за сајтот на Фудбалската федерација вели дека сме оптимисти в пресрет на натпреварот против Хрватска.
„Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните со кои одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвува за настап на Европското првенство но, наша обврска е да го дадеме најдоброто и да веруваме во позитивен резултат“ – изјави Илиев за сајтот на ФФМ