Синоќа беше одржана ждрепката за стартиот на АТП Мастерсот во Индијан Велс кој почнува оваа недела. Светскиот рекет бр. 1 Новак Ѓоковиќ имаше поволна ждрепка, што не може да се каже и за Шпанецот Рафаел Надал.
Надал го чека дуел против Милош Раониќ, а во случај да помине можни ривали до завршницата можат да му бидат и Холгер Руне, Лоренцо Мусети, а подоцна и Тејлор Фриц.
Доколку сепак нема никакви изненадувања, навивачите можат да очекуваат дуел меѓу Надал и Ѓоковиќ дури во полуфиналето.
Мастерсот во Индијан Велс е на програмата од 6 до 17 март, а титулата ја брани Карлос Алкараз.