Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во обид да ја оправда одлуката на Катар да му се додели органзиацијата на Светското првенство, изјави дека и Северна Кореја може да биде домаќин на Мундијал.
„ФИФА е глобална фудбалска организација, ние сме фудбалски луѓе а не политичари. Сакаме да ги зближиме луѓето. Секоја земја може да биде домаќин на фудбалски настан“ – вели Италијанецот.
„Сè уште сум убеден дека Светското првенство во Катар ќе ги отвори очите на многу луѓе во западниот свет кон арапскиот“ – потенцираше првиот човек на светскиот фудбал.