Олимписки шампион на 1500 метри, Норвежанецот Јакоб Ингебригцен го собори европскиот рекорд на оваа делница, откако синоќа на митингот во Осло од Дијамантската лига истрча време од 3:27,95 минути.
Нескротливиот Ингебригтсен (22) се одлепи на крајот на трката со овации од стадионот „Бислет“ за да го подобри својот претходен рекорд (3:28.32) поставен во финалето на Олимписките игри во 2021 година во Токио.
Во Осло синоќа уште еден норвешки олимписки победник Карстен Ворхолм го постигна четвртото најдобро време во историјата на 400 метри со пречки за победа на трката со време 46,52 секунди.